Еластичен напад, со Бојан Миовски како најистурен во навалната линија и Елиф Елмас како негова поддршка. Ова се идеите на селекторот Благоја Милевски во пресрет на вечерашниот меч против големиот фаворит Германија, на арената „Тодор Проески“.
На крилните позиции остануваат Александар Трајковски и Дарко Чурлинов кои со својата брзина ќе можат брзо да создадат опасност пред голот на Нојер.
Во средниот ред повторно ќе царува Аријан Адеми, потпомогнат од Стефан Спировски. Во комбинација е и Бобан Николов, а тоа ќе биде дилемата до последен момент.
Во одбраната се враќа Висар Муслиу кој не настапи против Лихтенштајн поради жолти картони. До него во стоперскиот тандем Дарко Велковски, а на бековските позиции Стефан Ристовски и Езгјан Алиоски.
На голот, во својот 50. јубилеен меч во дресот на Македонија, ќе биде Столе Димитриевски.
Македонија вечерва го пречекува големиот фаворит Германија во квалификациски дуел за СП 2022 во Катар.
Ако можевме да ги изненадиме во Дуисбург, зошто да не…и во Скопје!
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski