
Лионел Меси повторно е еден од фаворитите за освојување на „Златната топка“, а аргентинскиот фудбалер откри за кого ќе го даде својот глас.
Меси се наоѓа на листата од 30 кандидати за „Златната топка“, на која е и неговиот голем ривал Кристијано Роналдо, а во интервју за „Л’Екип“ откри на кого ќе ги даде гласовите.
„Очигледно, имам двајца соиграчи за кои можам да гласам, Нејмар и Килијан. По нив, има играчи кои имаа одлични индивидуални сезони како Левандовски и Бензема. Но, тешко е да се каже бидејќи тимскиот успех значи многу за освојување на Златната топка “, изјави фудбалерот на Пари Сен Жермен.
Победникот ќе биде објавен во Париз на 29 ноември, а судејќи по зборовите на Меси, еден од фаворитите би можел да биде Жоргињо, кој освои европска титула со клубот и со репрезентацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
