
Македонија убедливо (0-4) го совлада Лихтенштајн во Вадуц, успешно завршена мисија која го врати нашиот национален тим на победнички патеки, а сега следи спектаклот против Германија во Скопје в понеделник. Новиот селектор на „панцирите“, Ханси Флик, ќе брка рекорд против Македонија. Со победа во Скопје тој би го израмнил најдобриот старт на еден германски селектор во квалификации за СП, а го држи токму неговиот претходник Јоаким Лев.
Ханси Флик беше задоволен од триумфот на Германците против Романија. Успеаја да направат пресврт со головите на Серж Гнабри и на Томас Милер во Хамбург, а на прес – конференцијата посвети време и за следниот ривал, Македонија.
„Многупати го анализиравме првиот меч во Дуисбург и нивната победа од 1-2. Македонија знае одлично да се брани, со блок во две зони, но истовремено и секогаш го гледа голот на противникот. Секако, ако ние не направиме грешки, тешко дека ќе можат да го реализираат таквиот план“, изјави Ханси Флик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
