Шкендија доби силна шлаканица во Велес и загуби од Борец со 4-2. Последнопласираниот тим го декласира актуелниот првак и не му дозволи да ја намали негативата во однос на лидерот Вардар. Таа повторно изнесува осум бода.
Борец и натаму е последен, но само на бод до Работнички и до Струга ТЛ.
Никола Радовиќ во 12.минута го изненади Захов, а во 40. минута уште еднаш ја затресе мрежата на Шкендија во 40.минута. Фернандо Силва во 72.минута зголеми на 3-0 со одлично изведен слободен удар, а Никола Прелчец шест минути подоцна го постигна и четвртиот погодок за Борец.
Шкендија го намали убедливиот пораз со двата гола на Арменд Алими во 80. и во 90. минута од натпреварот.
Силекс со минимален резултат (1-0) славеше против Македонија ЃП. Иван Ивановски од пенал во деветтата минута беше стрелец на победничкиот гол за кратовскиот прволигаш.
Шкупи славеше важна победа на гости во Струга, 1-2. Оумар Гудијаби во 20.минута го отвори резултатот во корист на тимот од Чаир, а Сержињо десет минути подоцна од пенал зголеми на 0-2.
Нијас Лена од пенал во 41.минута даде надеж за Струга ТЛ, но Абдулхади Јахја беше исклучен во 58.минута и тоа беше голем удар за стружани.
Ренова го победи Вардар во Тетово со 2-0, со двата гола од пенал на Арџент Гафури. Вчера, Работнички беше подобар од Академија Пандев и славеше со 1-0, со голот на Виктор Велкоски.
ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РЕНОВА – ВАРДАР 2-0
БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 4-2
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1-2
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0
Табела: Вардар 43, Шкендија 35, Силекс 35, Македонија ЃП 29, Академија Пандев 28, Шкупи 28, Ренова 28, Струга ТЛ 25, Работнички 25, Борец 24.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski