
Барселона загуби на „Ванда Метрополитано“ од Атлетико Мадрид со 2-0, но раководството на клубот и понатаму има доверба во Роналд Куман. Тоа го потврди и претседателот Хоан Лапорта кој ги прекина шпекулациите за тренерска смена.
Роналд Куман по натпреварот истакна дека решението за Барселона не може да се пронајде преку ноќ.
„Никогаш не е лесно кога Барселона ќе загуби. Ние имаме неколку порази и ќе мора да бараме решение. Но, во оваа ситуација, решението не може да се пронајде преку ноќ. Пред натпреварот, разговаравме за тоа како треба да се браниме, но не го исполнивме планот. Кога губите со 2-0 од таков тим како Атлетико Мадрид, тоа е веќе многу компликувано. Барселона мора да игра подобро, мора подобро да го отвора просторот, и ќе работиме напорно. Треба да им дадеме шанса на младите играчи и се надеваме дека повредените ќе се вратат што е можно поскоро за да можеме да имаме поголема ротација“, изјави тренерот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
