Шпанскиот првак Атлетико Мадрид ја совлада Барселона со 2-0 во дербито на „Ванда Метрополитано“. Тимот на Диего Симеоне ја продолжи мизеријата на каталонскиот тим, а одмаздата ја сервираше Луис Суарез со гол и со асистенција уште во првото полувреме.
Куман не го сакаше Суарез во Барселона и му порача дека мора да замине, а уругвајскиот интернационалец вечерва го дочека моментот за да му се „јави“ со гестикулација при прославата на голот.
Претходно, во 23.минута, Суарез асистираше до Томас Лемар кој го постигна првиот гол за Атлетико Мадрид. Во 44.минута, и тој се запиша во листата на стрелците и го „поздрави“ Куман.
Атлетико Мадрид сега има 17 бода и се наоѓа на второто место, исто колку и лидерот Реал Мадрид кој утре му гостува на Еспањол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













