Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, потпиша нов петгодишен договор со клубот и ќе остане на „Олимпико“ до 2026 година. Иако имаше понуди од Тотенхем и од Барселона, тој одлучи да ја продолжи верноста кон „волчицата“.
„Не можам да го опишам со зборови доволно добро задоволството што го чувствувам поради потпишувањето на нов договор со Рома. Среќен сум и горд што раководството на клубот ме смета за важен дел од тимот и се надевам дека во наредниот период заедно ќе се радуваме на големи успеси. Рома има светла иднина и може да се врати на самиот врв на италијанскиот фудбал“, изјави Лоренцо Пелегрини.
Рома по шест одиграни кола се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Серија А со 12 освоени бода, а утре на домашен терен го пречекува Емполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













