Борусија Дортмунд стигна до петтата победа во Бундес – лигата оваа сезона откако го совлада Аугсбург со 2-1. „Милионерите“ и на овој натпревар без напаѓачот Ерлинг Халанд, но успеаја да слават со головите на Рафаел Гереиро и на Џулијан Брант. Анди Зекири во 35.минута беше стрелец за Аугсбург.
Борусија Менхенгладбах славеше на гости со 1-3 против Волфсбург. Брил Емболо погоди во петтата минута, а две минути подоцна се надоврза и Јонас Хофман. Лука Валдшмит намали во 25.минута, но Џо Скали го потврди триумфот во судиското продолжение.
Штутгарт го совлада Хофенхајм со 3-1, а Фрајбург на гости ја победи Херта со 1-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













