
Барселона вечерва го игра дерби натшреварот против шпанскиот шампион Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“, а ова може да биде последен натпревар на клупата на каталонскиот тим за Роналдо Куман.
Шпанските медиуми објавија дека Куман има само уште една шанса да му докаже на претседателот Хоан Лапорта дека заслужува да ја води Барселона.
„Никој од клубот не ми кажа ништо. Слушнав дека претседателот беше во клубот, но не го сретнав. Тука сум од љубов кон клубот. Ја прифатив оваа работа иако знаев дека ситуацијата е многу лоша. Сепак, сега е потешко отколку што беше кога првпат дојдов“, изјави Куман.
Радио Каталонија објави дека Лапорта веќе знае кого сака на клупата наместо Куман. Станува збор за Ерик Тен Хаг, 51-годишниот тренер на Ајакс. Тен Хаг со холандскиот гигант постигна 130 победи на 177 натпревари и пред две години го одведе во полуфиналето на Лигата на шампионите. Оваа година Ајакс исто така игра неверојатен фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
