
Заминувањето на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ минатото лето е еден од најгламурозните трансфери во историјата на фудбалот. Аргентинскиот напаѓач постигна фантастичен гол во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, негов прв за ПСЖ, а една од водечките дебати во јавниот простор е дали парижаните можат да ја освојат европската титула.
Луис Суарез ја напушти Барселона пред почетокот на минатата сезона. „Блауграна“ потоа му го даде речиси бесплатно на својот голем ривал Атлетико Мадрид, а уругвајскиот напаѓач го предводеше мадридскиот клуб до титулата шампион.
Во интервју за каталонскиот „Спорт“, Суарез откри како изгледал неговиот последен разговор со Меси додека Аргентинецот се уште бил во клубот.
„Бев многу изненаден што Меси замина, бидејќи се беше подготвено за тој да остане. Изгледаше многу среќен кога бевме на одмор заедно”, изјави Уругваецот.
Меси дал ветување дека ќе ја заврши кариерата во Барселона.
„Ми рече дека ќе ја заврши кариерата во Барселона бидејќи тоа отсекогаш го сакаше и затоа што тоа е клуб што му даде се. Нему му беше важно и неговите деца да бидат среќни таму. И тогаш се одеднаш се смени откако Барселона не можеше да го регистрира“, дополни Суарез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
