Connect with us

Барселона има неверојатно скромен буџет за нов тренер

Холандскиот стратег Роналд Куман ќе добие отказ на клупата на Барселона по натпреварот со Атлетико Мадрид. Раководството на клубот веќе донесе одлука за разрешување на сегашниот тренер и во тек е потрага по човекот кој ќе го наследи.


Но, Барселона има очигледен проблем. Новиот тренер ќе мора да има многу мала плата во каталонскиот клуб.
Поради сите финансиски проблеми и долгови, Барселона може да му понуди на новиот стручен штаб само 3,88 милиони евра по сезона, откриваат шпанските медиуми. Ова е секако мал буџет за да се ангажира елитно тренерско име.

Андреа Пирло, Роберто Мартинез, Чави Хернандез, Антонио Конте, Ралф Рангник….се имињата кои се споменуваат како можни кандидати за наследник на Роналд Куман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови