
Неодамна почна да се прикажува најновиот филм за Џејмс Бонд, „Нема време за умирање“. Тоа беше и последниот филм во кој глумеше Даниел Крег, а јавните дебати за тоа кој треба да биде новиот Бонд се водат со месеци.
Со оглед дека Крег е голем фан на Ливерпул, легендарниот Џејми Карагер го праша дали Јирген Клоп би бил добар во улогата на нов Бонд.
„Бидејќи го почитувам, апсолутно. Имав среќа да го сретнам. Разговаравме неколку пати, тој е еден од оние што оставаат голем впечаток врз вас”, изјави Даниел Крег.
Клоп на прес – конференција требаше да го искоментира ставот на Даниел Крег.
„Ако излегам од водата во костум за пливање, тоа е моментот кога светот ќе се преврти наопаку“, изјави во шега Јирген Клоп.
Даниел Крег смета дека и легендарниот Алекс Фергусон би бил одличен во улогата на Џемс Бонд.
„Фергусон исто така би бил одличен Бонд. Не треба да споменувам, тој е лидер, вистинско олицетворение на Бонд”, изјави актерот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
