Францускиот гигант Пари Сен Жермен состави „дрим – тим“ ова лето, успеа да го доведе и Лионел Меси во Париз, но спортскиот директор Леонардо нема намера тука да застане. Го мачи можното заминување на Килијан Мбапе кој не сака да потпише нов договор, а на лето би можел да го напушти ПСЖ како слободен агент.
Но, финансиски моќниот Пари Сен Жермен ќе тргне по Ерлинг Халанд. Како што открива италијанскиот „Газета дело спорт“, ПСЖ е подготвен на Халанд да му понуди неверојатни 50 милиони евра годишна плата. Следното лето, клаузулата во неговиот договор за разделба со Борусија Дортмунд ќе изнесува 75 милиони евра и тоа „светците“ би го платиле без проблем.
Пари Сен Жермен е неприкосновен оваа сезона со максимален ефект во францускиот шампионат, а има четири бода по две кола и во групната фаза од Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













