
Легендарниот голман на Валенсија, Сантијаго Кањизарес, се присети на соработката со Роналдо Куман. Тој во разговор за шпанските медиуми ја повтори неговата поранешна изјава дека Куман е најлошиот тренер со кој работел во кариерата.
„Бранев во Валенсија десет години и во тој период работев со осум различни тренери. Роналд Куман беше убедливо најлошиот тренер со кој сум работел во мојата кариера. Тој не знаеше како да управува со тимот, ниту пак да донесе правилна одлука. Тактички, Куман не знаеше да ги објасни основните упатства за тоа што се очекува од фудбалерите на теренот. Во исто време, тој беше очаен во физичката подготовка на тимот“, изјави Кањизарес.
Интересно, се што кажа голманот се повтори во Барселона. Каталонските медиуми денеска открија дека влијателен играч од соблекувалната потенцирал како на никого не му се јасни тактичките упатства на Куман и дека повеќето играчи не разбираат што треба да играат. Исто така, Холанѓанецот мртов ладен изјави дека тимот не е физички подготвен како тој да не е одговорен за тоа, а го предводи и го тренира тимот веќе 13 месеци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак
