Connect with us

Јувентус вмешал прсти, Влаховиќ не сака да потпише нов договор со Фиорентина

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ одолговлекува во преговорите за нов договор со Фиорентина, а зад сето тоа се крие понуда од Јувентус, откриваат италијанските медиуми. Откако Роко Комисо, претседателот на Фиорентина, излезе во јавноста и истакна дека не го разбира однесувањето на Влаховиќ, со оглед дека потписот ќе му донесе загарантирани 20 милиони евра на сметката во наредните години, приказната доби поинаков тек.

Италијанските медиуми тврдат дека Србинот не сака да се согласи со клаузулата која треба да биде дел од договорот за отштета од 80 милиони евра во случај да сака предвреме да замине од Фиренца. Сето ова укажува дека фантастичниот Србин веќе има договор со друг клуб и дека сите негови патишта водат кон Торино.

Влаховиќ изминатово лето имаше контакти со Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Тотенхем, но очигледно е дека тој има желба кариерата да ја продолжи во Јувентус. „Старата дама“ нема да гои откупи договорот на Алваро Мората, а следното лето во Торино би пристигнал Душан Влаховиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови