УЕФА се бори со расизмот со години и прави големи напори во борбата против искоренувањето на оваа појава на фудбалските стадиони. Една од мерките што ги користи за да го спречи расизмот е непопуларна, забрана за присуство на гледачи на трибините.
Во случајот со Спарта Прага, УЕФА дозволи на трибините да има деца под 14 години, но страшно се излажа, затоа што и тие продолжија со расистички извици против гостинските фудбалери.
Навивачите на Спарта Прага расно го навредуваа играчот на Монако, Аурелиен Чуамени во август, по што УЕФА одреди казна за играње без присуство на навивачи. Сепак, по жалбата на чешкиот клуб, УЕФА дозволи на трибините да дојдат деца.
Европската куќа на фудбалот се надеваше дека ова ќе создаде фудбалска атмосфера без расизам, но, сепак, тоа не се случи.
Фудбалерот на Глазгов Ренџерс, Глен Камара, доживеа расистички навреди дури и од децата на трибините. Ова само покажа дека расизмот е длабоко вкоренет кај навивачите на Спарта Прага. Секогаш кога Камара ја примаше топката, младите навивачи од трибините го свиркаа и го навредуваа.
Планот на УЕФА пропадна, а останува сега да се види каква ќе биде новата казна што ќе ја добие Спарта Прага.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal