Наполи одлично го почна, но лошо го заврши мечот против Спартак Москва (2-3) во второто коло од Лигата на Европа. Елиф Елмас по само 11 секунди игра постигна гол за водство на „наполитанците“, но целиот тек на мечот се сврте по црвениот картон на Марио Руи во 29.минута. Квинси Промес израмни во 55.минута, Михаил Игнатов во 81.минута се погрижи за пресврт, а Промес во 90.минута зголеми на 1-3.
Виктор Осимен намали во судиското продолжение, но Наполи сепак го забележа првиот пораз.
Лион го совлада Брондби со 3-0. Карл Токо Екамби беше двоен стрелец, а погоди и Хусем Ауар.
ПСВ Ајндховен на гости го совлада Штурм со 1-4. Сангаре, Захави, Макс и Вертесен беа стрелци на головите за холандскиот тим.
Реал Сосиедад и Монако ремизираа 1-1, а Легија го совлада Лестер со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













