
Творецот на победата на Манчестер јунајтед на синоќешниот натпревар со Вилјареал, Кристијано Роналдо, ги оцени шансите на неговиот тим во Ф-групата од Лигата на шампионите. Роналдо на „Олд Трафорд“ погоди во петтата минута од судиското надополнување за конечни 2-1 за Јунајтед кој губеше до 60. минута.
„Доколку не победевме, тешко ќе можеше да се смета на поминување на групата. Овие три бода се многу важни за нас. Сега остануваме во комбинација. Се е можно до крајот, има уште четири натпревари“, истакна Роналдо.
По две кола, Аталанта е лидер со четири бода, Јанг Бојс има три, Манчестер јунајтед исто така три, Вилјареал е последен со еден бод.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
