Јувентус можеби не стартуваше најдобро во Серија А, но затоа во Лигата на шампионите е перфектен. Успеа да го победи европскиот првак Челси во Торино со 1-0 и веќе има шест бода. Стрелец на победничкиот гол беше Федерико Киеза на самиот старт од второто полувреме.
Челси имаше шанси преку Лукаку и Хаверц, но не беа прецизни.
Барселона доживеа нов дебакл (0-3) овојпат од Бенфика во Лисабон. Дарвин Нуњез отвори уште во третата минута, во вториот дел Рафа Силва зголеми на 2-0, а Нуњез од пенал го постави конечниот епилог. Ерик Гарсија во 87.минута заработи и црвен картон.
Манчестер Јунајтед со 2-1 го победи Вилјареал на „Олд Трафорд“. Давид де Хеа беше најдобриот во тимот на „ѓаволите“, ги спаси од сигурен пораз со неколку одлични интервенции, а во 53.минута сепак не успеа да го одбрани ударот на Пако Алкасер. Само седум минути подоцна, израмни Алекс Телјес, а Кристијано Роналдо донесе триумф во петтата минута од судиското продолжение. На најдобар начин го прослави новиот рекорд, играч со најмногу натпревари во ЛШ.
Баерн Минхен со 5-0 го декласира Динамо Киев. Роберт Левандовски ги постигна првите два гола, продолжија Серж Гнабри и Лирој Сане, а серијата ја затвори Чупо – Мотинг.
Салцбург славеше против Лил со 2-1, а Волфсбург и Севилја одиграа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













