Српскиот интернационалец Лука Јовиќ никако да блесне во дресот на Реал Мадрид. Тој е во втор план и оваа сезона на Сантијаго Бернабеу“, а синоќа не успеа да помогне против Шериф Тираспол иако доби шанса од Карло Анчелоти. Токму поради ова Лука Јовиќ е подготвен да ја промени средината во јануари во потрага по поголема минутажа.
За него интерес покажува Евертон. Менаџерот Рафаел Бенитез смета дека тој би бил квалитетно засилување за нападот на „карамелите“ и сака да го доведе во Премиер – лигата.
23-годишниот Србин откако пристигна во 2019 година запиша само 6 меча како стартер и не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид и подготвен е да замине на нова позајмица во јануари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













