Џузепе Марота е мајстор во својот занает и умее да доведе квалитетен играч како слободен агент во клубот. Тоа го правеше во Јувентус, а сега продолжи и во Интер. Имено, спортскиот директор на Интер се договори за ново засилување за летото 2022 година.
Голманот на Ајакс, Андре Онана, пристигнува во клубот од „Џузепе Меаца“ потполно бесплатно. Неговиот договор со „копјаниците“ истекува следното лето и тој одби да ја продолжи соработката, а италијанските медиуми откриваат дека веќе се согласил на четиригодишна соработка со Интер.
Онана има 25 години и ќе го наследи ветеранот Самир Хандановиќ на голот на тимот на Симоне Инзаги. Тој израсна во младинската школа на Барселона, а во јануари 2015 година се пресели во Ајакс за само 150.000 евра. Во моментот е суспендиран поради користење недозволни средства, но неговата казна ќе истече пред трансферот во Милано.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













