
Коронавирусот влезе во соблекувалната на Црвена Звезда два дена пред дуелот со Лудогорец во Европската лига. Заразени се четворица фудбалери на српскиот шампион. Тимот ќе биде значително ослабен на гостувањето во Бугарија, со оглед дека ќе недостигаат четворица клучни играчи – Милан Борјан, Милош Дегенек, Александар Драговиќ и Александар Катаи.
„Како дел од редовното тестирање на нашите фудбалери, што клубот го изведува секој вторник и петок, резултатите покажаа дека споменатите четворица се позитивни на коронавирусот и нема да патуваат во Бугарија. Остатокот од тимот продолжи да тренира нормално и да се подготвува за натпреварот со Лудогорец. Борјан, Дегенек, Драговиќ и Катаи се чувствуваат добро и цврсто веруваме дека наскоро ќе бидат на терен со своите соиграчи“, стои во соопштението на „црвено -белите“.
Дуелот со Лудогорец ја очекува Црвена Звезда утревечер. Во првото коло шампионот на Србија забележа победа против Брага на домашен терен со 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal