
Реал шокантно загуби во Мадрид од Шериф со 1-2 во второто коло од групата Д во Лигата на шампионите. Гостите поведоа во 25. минута со голот на Јакшибајев, Реал израмни со голот на Бензема од пенал во 65. минута, а Тил им донесе сензационална победа на гостите во 90. минута со фантастичен гол.
Реал имаше повеќе од 70 проценти посед на топка, 31 удар кон голот и најмалку пет големи шанси, но не успеа да ги скрши организираните Молдавци.
„Тоа е фудбал. Имаа два удари кон голот и постигнаа два гола, а ние шутиравме преку триесет пати. Во вакви натпревари треба да бидете внимателни, но може да се случи да загубите. Игравме добро, имавме шанси, а нивниот голман беше фантастичен. Мораме да им честитаме“, изјави Кашемиро по натпреварот.
Бразилецот сепак смета дека Реал Мадрид нема да има проблеми да ја мине групната фаза.
„Ја контролиравме играта, навистина бевме многу подобри. Оваа сезона знаевме да играме лошо и да победиме, а сега игравме добро и не победивме. Така оди, ако не играш концентрирано, ќе загубиш. Сезоната е долга и верувам дека нема да имаме проблеми да ја поминеме групата во ЛШ“, дополни Кашемиро.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
