
Убедливо најголемото изненадување во Лигата на шампионите досега е победата на Шериф на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид (1-2) во групата Д. Молдавскиот клуб, кој во квалификациите ги исфрли српскиот првак Црвена Звезда и хрватскиот шампион Динамо Загреб, дојде до триумф во 90. минута со неверојатниот гол на Себастиен Тили.
Дека вечерта во Мадрид може да биде чудна навести Јакшибајев кој ги доведе гостите во водство во 25. минута. Реал нападна со сите сили, се обиде и израмни дури во 65. минута кога Бензема погоди од пенал. Сепак, на крајот славеше Шериф и се наоѓа на првото мест во групата со шест бода.
За тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, тимот имал лоша среќа, но, сепак, го пофали Шериф.
„Не очекувавме ваков натпревар. Не бевме фокусирани на одбраната. Ја имавме играта под контрола, но може да се каже дека немавме среќа. Имавме многу шанси, но вистината е дека тие не изненадија двапати кога постигнаа гол. Игравме добро, но понекогаш ви се случува да немате среќа“, рече тренерот на Реал, Карло Анчелоти и додаде: „Шериф е добар тим, добро се брани. Пробавме се, но сепак ова е фудбал“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal