Неименувана компанија со седиште во Дубаи и понуди на Барселона заем од 1,5 милијарди евра за враќање на ликвидноста, објави „8ТВ“. На каталонскиот клуб му се нудат одлични услови, поточно ниски каматни стапки и долг мораториум на почетокот на отплатата.
Клубот од „Камп Ноу“ должи 1,35 милијарди евра, што за малку ќе го парализираше клубот и го натера да продаде и отпушти некои играчи. Замина и аргентинската ѕвезда Лионел Меси која не можеше да биде лиценцирана во Ла Лига.
Компанијата од Дубаи и нуди на Барселона мораториум за отплата на споменатиот заем најмалку две, а најмногу дури 12 години, што значи дека Барселона не би морала веднаш ниту да започне со отплата на големиот заем.
Предлогот за заем го разгледуваат претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, потпретседателот Едуард Ромеу, кој е задолжен за финансиите во клубот и извршниот претседател Феран Ревертер. Моментално ги проучуваат деталите и условите и ќе одлучат дали ќе ја прифатат понудата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













