
Поранешниот турски фудбалер Сезер Озтурк е уапсен пред осум дена откако застрелал еден и ранил уште четворица луѓе во престрелка за банална сообраќајна расправија. Турските медиуми пишуваат дека поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен, Фенербахче и на Бешикташ, заедно со негов пријател, двапати отвориле оган кон луѓе со кои се расправале поради сообраќајни правила.
Засега нема сигурни информации за деталите за конфликтот, но сите турски медиуми наведуваат дека Сезер Озтурк избегал од местото на настанот веднаш по пукањето, а бил уапсен подоцна.
Човекот што го загуби животот во престрелката е извесен Халил Ибрахим С., кој наводно се скарал со пријателите во близина на патот по кој Озтурк сакал да помине на пат до неговата дестинација при што избувнал конфликт. Прво имало физичка пресметка, а потоа поранешниот фудбалер и неговиот пријател влегле во неговото возило и пукале кон Ибрахим и пријателите.
Повеќе детали треба да бидат познати утре, кога полицијата треба да ги објави сите детали за апсењето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
