
Наполи фантастично ја стартуваше новата сезона во Серија А и има максимални шест победи во првите шест кола. Џузепе Бегоми, легендарниот фудбалер на Интер, кој сега е аналитичар на Калчото, вели дека Лучијано Спалети има извонреден среден ред во кој одлично е вклопен и Елиф Елмас.
„Спалети умее да го склопи коцките. Средниот ред е основата на секој тим и тука лежи тајната и на Наполи. Спалети има тројца фудбалери во средниот ред, одлично ги ротира и секогаш умее да го одреди плејмејкерот кој ќе ја диктира играта. Еднаш е тоа Зиелински, еднаш Елиф Елмас. Друпат Елмас добива шанса како офанзивец, да не го заборавиме и Фабијан Руиз. Туке секако се и Лоренцо Инсиње и Виктор Осимен во нападот“, анализира Бергоми за „Скај Спорт“.
Наполи по одличниот старт сега ја најавува и кандидатурата за шампионски трофеј.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
