Арсенал ја оствари третата последовна победа во Премиер – лигата откако на домашен терен славеа со 3-1 во лондонското дерби против Тотенхем. Микел Артета успеа да ги склопи коцките и сега „топчиите“ делуваат многу поефикасно отколку на стартот од сезоната.
Фуриозниот почеток на Арсенал го изненади Тотенхем. Емил Смит Роу во 12.минута донесе предност, Пјер – Емерик Обамејанг зголеми на 2-0, а до крајот на првиот дел и Бакајо Сака се запиша меѓу стрелците.
Тотенхем во второто полувреме успеа само да постигне почесен погодок преку Хјонг – Минг Сон во 79.минута од натпреварот.
Арсенал сега има девет бода, пет помалку од лидерот Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













