
Менаџерот на Челси, Томас Тухел, изјави дека на неговиот тим му недостасувала самодоверба на дербито против Манчестер Сити. Челзи загуби на „Стемфорд бриџ“ од Манчестер Сити со 0-1, а единствениот гол го постигна Габриел Хесус во 53. минута.
„Бевме одлични во последните 20 метри од теренот, но не и на другите 80 метри. Противникот беше посилен, поагресивен. Имав впечаток дека ни недостасува самодоверба за да излеземе од ситуацијата. Со секој нова грешка ја губевме довербата во себе“, изјави Тухел.
Лондонскиот тим влезе во дуелот по три последовни победи против Манчестер Сити, вклучувајќи го и финалето во Лигата на шампионите.
„Не можевме да избегаме од притисокот. Не бевме на највисоко ниво, а тогаш и не можете да очекувате позитивен резултат”, дополни менаџерот на Челси.
Доколку победеше, Челси ќе му побегнеше на Сити со шестбодовна разлика, а наместо тоа екипите сега се израмнети со по 13 бода.
„Игравме како да имаме што да загубиме. По примениот гол добро реагиравме и ризикувавме повеќе. Ни требаше таков пристап од самиот почеток. Но, сепак, Сити не натера да играме лошо “, истакна Тухел.
Ливерпул е првопласиран на табелата со 14 бода, а Манчестер Сити, Челси, Манчестер Јунајтед и Евертон имаат еден бод помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
