Пари Сен Жермен е неприкосновен во францускиот шампионат. Тимот на Маурисио Покетино ја оствари и осмата победа во исто толку натпревари, совладувајќи го Монпелје со 2-0 на „Паркот на принцовите“.
Идриса Геје во 14.минута донесе предност за „светците“, а во самиот финиш Џулијан Дракслер зголеми на 2-0 и го потврди триумфот.
Беше очигледно дека ПСЖ чува дел од силите за претстојниот дуел во Лигата на шампионите со Манчестер Сити.
Лион успеа да извлече бод на домашен терен против Лориен (1-1) со оглед дека играше со фудбалер помалку од 15.минута поради исклучувањето на Емерсон. Лауриен во 20.минута погоди од слободен удар за водство на гостите, а на почетокот на вториот дел израмни Екамби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













