Барселона е во криза на почетокот на сезоната и по пет одиграни кола во Ла Лига, заостанува седум бода зад водечкиот Реал Мадрид. Последниот „кикс“ синоќа се случи на гостувањето против Кадиз, со кого каталонците ремизираа без голови.
Капитенот на Барселона, Жерар Пике верува во својот тим.
„Не го носам овој дрес за да го освојам второто или третото место, туку за да победувам и да се борам за сите трофеи. Овој тим има се што му треба за тоа и јас сум горд на тоа, изјави Пике.
„Поминуваме низ она на што не сме навикнати, ова се турбулентни години, но убеден сум дека ќе продолжиме да победуваме. Нема сомнение за тоа. Сите играчи се обединети околу таа цел и не треба да барате поделби, тоа никому не помага“, дополни искусниот дефанзивец.
Помладиот колега на Пике, Серхи Роберто, истакнува дека Барса може да стигне до титулата.
„Мора да ја освоиш титулата во овој клуб. Не ми значи ништо што сум меѓу првите четири екипи. Ова е Барса и нема оправдувања. Мораме да дадеме се од себе и имаме тим што може да се бори за титулата“, изјави Серхи Роберто.
Барселона има само една победа во последните пет натпревари во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal