
Поранешниот менаџер на Тотенхем, Тим Шервуд, смета дека Кристијано Роналдо ќе биде новиот тренер на Манчестер Јунајтед и дека ќе ја преземе таа улога во следните 18 месеци.
Португалецот се врати во Манчестер Јунајтед по 12 години, откако играше за Реал Мадрид и за Јувентус. По враќањето на „Олд Трафорд“, тој потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на уште една година.
По првите три натпревари за Јунајтед, Роналдо веќе има ефект од четири постигнати голови, но Шервуд верува дека наскоро ќе ја заврши својата активна кариера и веднаш ќе започне со тренерскиот предизвик.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, е под зголемен притисок, особено откако испадна во Лига купот од Вест Хем на домашен терен. Шервуд го гледа неговиот наследник во Роналдо.
„Го гледам Роналдо како тренер на Манчестер Јунајтед во следните 18 месеци. Го видовме на ЕВРО како им дава инструкции на играчите. Тој човек ќе биде тренер, сигурен сум стопроцентно. Кога и да ја заврши кариерата, ќе почне да работи како тренер. Ќе биде тоа автоматски избор. Ако Манчестер Јунајтед победи во Премиер – лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, освои некој од горенаведените трофеи, тогаш Солскјаер ќе остане во клубот. Ако не освојат ништо, мислам дека веќе имаме тренер во најава“, изјави Шервуд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
