
Фудбалерите на Челси се пласираа во осминафиналето на англискиот Лига куп со победа против Астон Вила по изведувањето на пенали. Менаџерот Томас Тухел го комбинираше тимот, но потенцираше дека Челси нема да тактизира во ниедно натпреварување оваа сезона, затоа што сака да освои буквално се.
„Премиер – лигата или Лигата на шампионите не ги рангираме пред некои други натпреварувања. Ние во овој клуб сакаме да создадеме победнички менталитет за секој натпревар. Тоа треба да биде нашата ДНК”, рече Тухел.
Челси моментно е на врвот на табелата во Премиер – лигата. Има ист број бодови со Ливерпул и со Манчестер Јунајтед, а титулата национален шампион Челси ја чека од сезоната 2016/17.
„Трофеите освоени од минатата сезона не влијаат на тоа што сакаме да освоиме. Сакаме да освоиме се, да бидеме конкурентни на секој начин и на секој натпревар. Излегуваме на терен за да победиме. Во домашните купови сакаме да стигнеме до крај, на „Вембли“. Без да тактизираме”, дополни Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
