
Ајакс ја победи Фортуна Ситард со 0-5 на гости во шестото коло од холандскиот шампионат и на тој начин продолжи со својата неверојатна форма оваа сезона. За холандскиот шампион ова беше петти од последните осум натпревари на кои постигна најмалку пет гола, а во последните шест дена Ајакс погоди дури 19 пати на три натпревари.
Еден од најзаслужните за тоа е одличниот српски интернационалец Душан Тадиќ, кој и оваа сезона игра неверојатно во дресот на Ајакс. Успеа да влезе и во историјата на холандскиот фудбал како најдобар асистент со 102 забележани асистенции.
Досегашниот рекорд со 101 асистенција во холандското првенство го држеше од длаечната 1974 година легендарниот играч на Ајакс, Пиет Кејзер. Тој одигра вкупно 365 натпревари од 1961 година до крајот на неговата кариера во 1974 година.
Тадиќ забележа две асистенции против Фортуна Ситард и стигна до вкупно 102 асистенции во кариерата во Холандија, играјќи за Ајакс, Твенте и за Гронинген.
Од активните играчи, блиску му е само Хаким Зијеч, кој има запишано 87 асистенции за Ајакс, Твенте и за Херенвен, но прашање е дали ќе се врати во холандската лига до крајот на кариерата.
Тадиќ пристигна во Ајакс летото 2018 година од Саутемптон за 13,7 милиони евра. На 157 натпревари за холандскиот великан, постигна 80 голови и забележа 75 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
