Connect with us

Роналдо го презеде приматот од Меси за најплатен фудбалер на денешницата

Лионел Меси веќе не е фудбалер со најголема заработка во светот. На врвот на таа листа сега е повратникот во Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, кој го собори Аргентинецот што неодамна ја напушти Барселона и се приклучи на Пари Сен Жермен.


Роналдо ќе заработи 107 милиони евра пред оданочување во сезоната 2021/2022, според извештајот на Форбс, од кои 60 милиони евра се однесуваат на платата и бонусите што ќе ги добие за враќање на „Олд Трафорд“. Остатокот ќе дојде на негова сметка од други бизниси и рекламирање на најсилните светски брендови.

Само тројца спортисти ќе заработат повеќе од реклами од Роналдо, и тоа Роџер Федерер (77 милиони евра), Леброн Џејмс (55 мил. евра) и Тајгер Вудс (51 мил.евра).

Второто место според договорените суми што ќе ги добие му припаѓа на Меси, кој во тековната сезона ќе заработи 64 милиони евра од парискиот клуб, и вкупно 94 милиони.

Десетте најплатени фудбалери во светот се очекува оваа сезона да соберат приход од 585 милиони долари пред оданочување, наспроти ланските 570 милиони долари.

ПСЖ сега има тројца од петте најплатени фудбалери во своите редови. Веднаш зад Меси е Нејмар со заработка од 81 милион евра, а потоа следува Килијан Мбапе со 37 милиони евра. Топ 5 го затвора Мохамед Салах од Ливерпул со 35 милиони евра заработка пред оданочување.

На високото седмо место е единствениот фудбалер надвор од Европа, Андрес Иниеста, со 30 милиони евра за сезоната 2021/2022.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови