Скандалозен крај имаше дерби натпреварот од десеттото коло во Премиер – лигата на БиХ. Пресметката меѓу Вележ и Борац Бања Лука ја прекинаа навивачите на домашниот тим, а пота во тунелот е нападнат судијата на кого му е запален и втомобилот.
Со голот на капитенот Стојан Врањеш од 81. минута, тимот на Борац Бања Лука се стекна со предност од два гола, а потоа навивачите на Вележ во голем број влетаа на теренот.
Судијата Сабрија Топаловиќ веднаш го прекина натпреварот, така што, по консултации со помошниците и делегатот во службените простории, десет минути подоцна беше прогласен за официјално завршено.
По натпреварот, биле нападнати и фудбалерите на Борац, е еден навивач на Вележ го нападнал напаѓачот на Борац, Јово Лукиќ. Најдебелиот крај го извлекол судијата кој бил претепан во тунелот кон соблекувалните, а запален му е и автомобилот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













