
Италијанскиот првак Интер ја оствари четвртата победа во Серија А славејќи на гости со 1-3 против Фиорентина. Тимот на Симоне Инзаги направи пресврт во второто полувреме откако Сотил ја доведе Фиорентина во водство во 23.минута.
Дармијан израмни во 52.минута, а Един Џеко три минути подоцна се погрижи за пресврт со убав удар со глава. Нико Гонзалез го остави домашниот тим со играч помалку откако беше исклучен во 78.минута, а Иван Перишиќ во 87.минута стави крај на овој дуел.
Аталанта го совлада Сасуоло со 2-1. Сите три гола беа постигнати во првиот дел. Госенс и Запакоста стрелаа за Аталанта, а намали Берарди.
Интер е првопласиран со 13 бода, пред Наполи со бод помалку, но и со еден одигран меч помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
