Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е заинтересиран за крилниот фудбалер на Челси, Калум Хадсон-Одои, и ќе се обиде да го доведе на „Енфилд Роуд“ во јануарскиот преоден рок.
Англискиот репрезентативец не ужива во добар период од кариерата во дресот на Челси и имаше само два настапи од почетокот на новата сезона. Тој беше стартер во финалето на Суперкупот на Европа против Вилјареал, како и во победата од 3-0 против Астон Вила.
20-годишниот Хадсон-Одои беше блиску до преселба во Борусија Дортмунд во текот на летото, но менаџерот Томас Тухел лично го запре трансферот, велејќи дека тој му е потребен во составот на Челси. Сепак, крилниот фудбалер засега добива мала минутажа, а Јирген Клоп ќе се обиде тоа да го искористи на зима.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













