
Англискиот репрезентативец Бакајо Сака би можел да го напушти Арсенал на крајот од сезоната. За него сериозен интерес покажуваат Атлетико Мадрид и Јувентус. 20-годишниот англиски репрезентативец се наметна со одлични игри во последниот период и го привлече вниманието на европските клубови.
Бакајо Сака е дете на Арсенал, на осумгодишна возраст се приклучи на академијата на „топчиите“ и доби шанса да игра во првиот тим. Под водство на Микел Артета се наметна како еден од носителите на играта, а добива повик и од Герет Саутгејт во англиската фудбалска репрезентација.
Медиумите на Островот најавуваат дека Арсенал не би се откажал од Сака доколку не добие отштета од 50 милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
