
Аргентинската мегаѕвезда Лионел Меси ќе биде на големо искушение во Пари Сен Жермен. Од него сите очекуваат веднаш да биде лидер во тимот и да прикажува магија каква што ги навикна во дресот на Барселона изминатите две децении. Но, дојдоа и критиките.
Тиражниот француски весник „Ле Паризиен“ го критикуваше напаѓачот на ПСЖ, Лео Меси, по реакцијата на натпреварот од последното коло во Лига 1 против Лион.
Најдобриот фудбалер на планетата беше заменет во 76. минута, а при напуштање на теренот, не сакаше да се поздрави со тренерот Маурисио Покетино.
Сите светски медиуми пишуваа за испадот на Меси во неделата, но „Ле Паризиен“ отиде чекор подалеку.
„Неговиот престој во Париз ќе биде повеќе предизвикувачки отколку што се очекуваше. Меси е блед. Ја спушта главата надолу и пониско, шета по теренот и повеќе не влијае силно на играта“, пишува „Ле Паризиен“ за ѕвездата која летово дојде во ПСGЖ како слободен играч од Барселона.
Аргентинецот за првпат играше пред публиката на „Паркот на принцовите“ минатиот викенд, а во првото полувреме ја погоди гредата од слободен удар. Тој нема постигнато ниту еден гол оваа сезона.
Во моментот кога 34-годишниот фудбалер ја напушти играта, резултатот беше 1-1, а Меси исто така беше критикуван дека реагира рамнодушно по победничкиот гол на Мауро Икарди во судиското продолжение.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
