Мароканската ѕвезда и фудбалер на Челси, Хаким Зијеч, беше исфрлен од репрезентацијата, а сега тој му одговори на селекторот Вахид Халилхоџиќ, кој го обвини дека се преправа дека е повреден и не сака да игра.
„Следниот пат кога ќе зборуваш, тогаш кажи ја вистината! (клов)“, напиша Зијеч на социјалните медиуми како одговор на Халилхоџиќ.
Hakim Ziyech responds to his international manager who criticised him. pic.twitter.com/mRdp7MxqAc
— Frank Khalid (@FrankKhalidUK) September 2, 2021
На селекторот на Мароко му пречеше однесувањето на Зијеч на последниот собир, каде што, според Халилхоџиќ, се преправал дека е повреден и одбил да тренира.
„За првпат во тренерската кариера видов такво однесување и тоа ме разочара. Играч кој одбива да одигра пријателски натпревар под изговор дека е повреден. Медицинскиот персонал го прегледа и рече дека може да игра. Потоа тој одби да се загрее бидејќи беше разочаран дека е резерва. Таквото однесување е неприфатливо. Не можете да изневерувате во репрезентацијата, или сте сто проценти внатре или не сте“, рече Халилхоџиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













