Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски би можел претстојната сезона да ја мине во Данска и да го носи дресот на Алборг. Како што откриваат данските медиуми, Алборг е во преговори со Мајорка и со нашиот репрезентативец за едногодишна позајмица.
Александар Трајковски нема голема иднина во Мајорка, барем додека е тренер Луис Гарсија Плаза. Тој јавно истакна дека македонскиот репрезентативец за него е последна опција во нападот и му препорача да си пронајде друга средина доколку сака поголема минутажа.
Трајковски вчера се приклучи на националниот тим, а неговите агенти ќе ги договараат последните детали од можноста тој кариерата да ја продолжи во Алборг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













