Connect with us

„Неапол е вистинското место за Елиф Елмас да стане голема ѕвезда“

Елиф Елмас одлично ја отвори новата сезона во Серија А, постигна гол за Наполи на мечот против Венеција (2-0), а за квалитетната игра доби пофалби од тренерот Лучијано Спалети и од италијанските медиуми. Од него сите очекуваат оваа сезона да блесне во полн сјај во Италија.


Поранешниот македонски репрезентативец Виктор Треневски, кој му беше и тренер во Работнички, Виктор Треневски, за италијанските медиуми истакна дека Неапол е вистинското место за Елиф Елмас да стане голема ѕвезда.

„Во светскиот фудбал има многу талентирани фудбалерти, ама само мал дел од нив стануваат ѕвезди. Мислам дека Елмас е на вистинското место, Неапол и стадионот „Диего Марадона“ се идеалното место од талент да изразнете во ѕвезда. Елмас после Европското првенство е поискусен, но и забележливо поопуштен. Најважно е што се уште е гладен за успех, покажува зрелост и мислам дека може да прерасне во голем фудбалер под раководство на Спалети, кој е извонреден тренер“, изјави Виктор Треневски.

Елмас треба да ја преземе улогата на лидер и во националниот тим, по заминувањето на Горан Пандев.

„После „Гранде Пандев“, сега Елиф е тој што ќе мора да ја преземе лидерската улога во македонската репрезентација. Сепак, тоа е период, ќе треба многу да работи и самиот да се наметне со своите игри. Се надевам дека Македонија ќе продолжи со позитивни резултати и после Европското првенство“, порача Виктор Треневски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови