Италијанскиот првак Интер ќе успее да ја исполни и последната желба на тренерот Симоне Инзаги. Раководството на „нероаѕурите“ е многу блиску до ангажман на Хоакин Кореа, крилниот напаѓач на Лацио. Тој би требало да пристигне на едногодишна позајмица, со клаузула за комплетен откуп на договорот следното лето.
Интер за позајмицата на Лацио веднаш ќе му плати 5 милиони евра, а следното лето ќе плати уште 23 милиони евра за комплетирање на трансферот. Дополнителни 3 милиони евра ќе бидат врзани и со бонуси за успесите на фудбалерот во новиот клуб.
По заминувањето на Ромелу Лукаку, италијанскиот шампион веднаш го доведе Един Џеко, го договори трансферот на Андреа Белоти од Торино, а најверојатно ќе успее да го доведе и Хоакин Кореа. Со тоа навалната линија на Интер сериозно ќе биде засилена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













