Жестока тепачка се случи на фудбалски натпревар во женска конкуренција во Мексико. На дуелот меѓу Некакса и Пубела, фудбалерките на двете екипи влетаа во клинч.
Физичката пресметка се случи откако Сара Ким од Некакса загуби една топка на работ од шеснаесетникот и не доби прекршок. Ким беше опкружена со четвити противнички кои ја нападнаа со намера да ја земат топката, додека таа сакаше да шутира кон голот.
Се чинеше дека е фаул, но бидејќи ништо не беше досудено, Ким ја истурка Марија Хозе Лопез на теренот и на тој начин го „запали фитиљот“ за жестока пресметка.
После тоа, практично сите фудбалерки се вклучија во тепачката, а најтешко помина Либет Кастро која остана да лежи на теренот. Судијата Марија Гонзалес на крајот ги исклучи Сара Ким и Марија Хозе Лопез, кои ја започнаа тепачката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













