
Легендарниот Тиери Анри застана во одбраната на француската ѕвезда Килијан Мбапе. Тој вели дека и во ситуација кога сака да си замине, Мбапе се однесува многу професионално и во ниеден момент не покажал непочитување кон клубот ПСЖ.
Поранешниот напаѓач на Франција и на Арсенал ја анализираше ситуацијата на неговиот сонародник.
„Не знам што се случува со Килијан Мбапе. Секогаш можеме да шпекулираме и да кажеме многу работи. Јас, она што го гледам е дека тој е се уште таму, дека тренира, трча и се обидува да создаде шанси за своите соиграчи. Тој постигнува голови, а исто така е играч кој го почитува својот договор, не прави ништо лошо и дава одговар на теренот. Затоа во ПСЖ можат да бидат среќни. Како што честопати велам, кога се во прашање големите фудбалери сите ние секогаш бараме замерки и за најмалите нешта. Но, дали му недостасува почит кон некого? Не, се уште не сум го видел тоа. Тој е таму, тој е присутен, па дури и игра добро“, изјави Анри.
Најавите се дека Килијан Мбапе би можел да направи мегатрансфер од ПСЖ во Реал Мадрид во последните денови од летниот преоден рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
