Милан успешно ја отвори новата сезона во Серија А, а директорот Паоло Малдини го сподели своето мислење за работата на клубот на трансфер пазарот.
„Ја чувавме базата на тимот од минатата година. На сегашниот список му недостасуваат пет клучни играчи во споредба со минатата година, но во исто време, ми се чини, станавме посилни. Неопходно е да се завршат некои мали нешта на пазарот, а потоа екипирањето на тимот ќе биде завршено.
Ибрахимовиќ и Жиру? Секогаш треба да им дозволите на најдобрите играчи да играат. Ако се во ред, зошто не играат заедно? Тие имаат слична физичка структура, но различни карактеристики. Ибрахимовиќ може да дејствува и како преден плејмејкер.
Мислам дека сме на заедничка линија во разговорот за обновување и потпишување на договорот со Кеси. Мораме да дејствуваме во согласност со принципите на одржливост, без да ги надминеме одредени граници“, изјави Малдини за „Фудбал Италија“.
Следниот натпревар „росонерите“ ќе го одиграат на 29 август против Калјари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













