Европскиот првак Челси сака да го доведе Жул Кунде од Севилја во одбраната. 22-годишниот дефанзивец е еден од најбараните играчи од одбранбената линија ова лето. Севилја не се сложува да го продаде за помалку од 80 милиони евра, но Томас Тухел сака да си ја испроба среќата.
Сепак, Челси ќе мора прво да го реализира трансферот на Курт Зума во Вест Хем и да ослободи место за ангажман на Кунде.
Челси претходно го доведе Ромелу Лукаку од Интер за 115 милиони евра, а со евентуалното доаѓање на Кунде, тимот од „Стемфорд бриџ“ дефинитивно ќе ја истакне својата кандидатура за освојување на сите трофеи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













