Connect with us

Вест Хем го декласира Лестер (ВИДЕО)

Вест Хем покажа доминација и го совлада Лестер со 4-1 во последниот меч од второто коло во Премиер – лигата. Тимот на Дејвид Мојс повторно постигна четири гола и на првиот дуел против Њукасл.

Пабло Форналс го отвори резултатот во 26.минута, а над него Ајозе Перез направи груб старт и заработи црвен картон пред крајот на првото полувреме.

Потоа беше полесно за Вест Хем. Саид Бенрама во 56.минута ја искористи грешката на Сојунџу за 2-0, а мала надеж за Лестер даде Јури Тилеманс со голот во 70.минута.

Сепак, Мајкл Антонио беше немилосрден и со два гола го декласира Лестер до крајот на мечот. Тој стана и најдобар клупски стрелец, минувајќи го легендарниот Паоло Ди Канио.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови