Јувентус не стартуваше според желбите на Масимилијано Алегри во новата сезона од Серија А. „Старата дама“ имаше водство од 0-2 на полувремето во Удине, но поради катастрофалните грешки на одбраната на крајот си замина само со бод играјќи 2-2. Голманот Војчех Шчешни направи катастрофална грешка и му подари гол на Жерар Делофеу за израмнување откако претходно Переира намали од пенал. И за пеналот виновник беше Шчешни.
Во судиското продолжение имаше вистинска драма. Кристијано Роналдо со удар со глава постигна трет гол за Јуве, но не беше признат по прегледување на ВАР – снимката.
Во првиот дел, Пауло Дибала во третата минута донесе предност за Јувентус, а Хуан Квадрадо зголеми на 0-2.
Болоња ја совлада Салернитана со 3-2 во меч со многу пресврти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













